Loading Video...
Тенис
28. January 2019 - 15:24

Победниците на Австралија Опен, Ѓоковиќ и Осака први на ранг листите

Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања, односно АПТ и ВТА листите. По завршувањето на првиот овогодишен Гренд слем турнир Австралија Опен, денеска се објавени најновите ранг листи. 
 
Србинот, Новак Ѓоковиќ кој во Мелбурн стигна до седмата тутула, сега ја зголеми предноста во однос на второ рангираниот Надал кого го совлада и во финалето. Така Ѓоковиќ сега има над 2.500 бода во однос на Шпанецот на најновата АТП ранг листа. 
 
Најголем пад доживеа Роџер Федерер, кој го бранеше трофеј на Австралија Опен, но по елиминацијата во четвртфиналето сега Швајцарецот е на шестото место на листата. 
 
Јапонката, Наоми Осака, со триумфот над Петра Квитова, го презеде првото место на ВТА листата од Симона Халеп која сега е трето рангирана. Зад неа во „топ 5“ се и Слоан Стивенс и Каролина Плишкова.