Тенис
22. October 2017 - 15:37

Победи за Плишкова и за Мугуруза на стартот од ВТА финалето во Сингапур

Со денешните мечеви во „белата група“ почнаа возбудувањата на женскиот Мастерс турнир или ВТА финалето што се игра во Сингапур.
Каролина Плишкова ја победи Венус Вилијамс со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2 во гемови), додека Гарбине Мугуруза беше поуспешна од Јелена Остапенко со истиот резултат 2-0 во сетови (6:3 и 6:4).
Утре се играат мечевите во „црвената група“ Симоне Халеп - Каролине Гарсија и Елина Свитолина - Каролине Возниацки.