Loading Video...
Спорт плус
2. December 2019 - 14:52

Победи на Шифрин и Маер во слалом и Супер-џи

 
 
На Северноамериканскиот континент актуелни се натпреварите од Светскиот куп во алпско скијање. 
 
На задоволство на домашната публика во американскиот ски-центар Вермот, каде на програмата беше слаломот, триумфираше Михаела Шифрин. 
 
Со оваа победа, а вкупно 62-ра во кариерата Американката се израмни на вечната листа со легендарната Австријка, Анемари Морес-Прол, но сеуште е далеку од рекордерка Линдси Вон која има остварено 82 победи во кариерата. 
 
Австриецот, Матиас Маер победи на првата овосезонска Супер-Џи трка, што се одржа во Лејк Луис, Канада. Олимпискиот шампион во оваа дисциплина, беше за 40.стотинки побрз од Италијанецот, Доминик Парис, додека третото место со идентично време го освоија Мауро Кавизел од Швајцарија и Австриецот, Винсент Криехмајр
 
Веќе утре на програмата се нови натпревари, но овојпат дамите ќе бидат во Лејк Луси, а мажите се селат во американскиот Бевер Крик.