Loading Video...
Фудбал
7. April 2021 - 11:37

Победи на Реал Мадрид и Манчестер Сити во првите дуели од четвртфиналето на ЛШ

 
 
Екипите на Реал Мадрид и Манчестер Сити ја искористија предноста на домаше терен и остварија победи во првите натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите
 
Во Мадрид, Реал го победи Ливерпул со 3:1. Популарните „Кралеви“ уште по првиот дел остварија предност од два гола, откако, Винициус о 27-та и Асенсио во 36-тата го совладаа Алисон Бекер. 
 
По само шест минути игра во вториот дел со погодокот на Салах, Ливерпул се врати во игра. 
 
Но. Бразилецот, Винициус со својот втор гол во 65-минута повторно му донесе предност на Реал од два гола за реваншот во Ливерпул закажан за 14 април. 
 
Манчестер Сити пак ќе има само еден гол предност на гостувањето во Дортмунд, откако синоќа „граѓаните“ ја победија Борусија со 2:1.
 
Стрелци на головите за Манчестер беа ДеБруине во 19-тата и Фоден во последната 90-та минута, откако Ројс во 84-тата го постигна голот на гостите. 
 
Вечерва (21 часот) своите први чевртфинални натпревари ќе ги играат актуелниот европски првак Баерн Минхен и ПСЖ, односно Порто и Челзи чија средба  ќе се игра на стадионот „Рамон Санчез Пицхуан“ на теренот на ФК Севиља.