Loading Video...
Фудбал
25. April 2018 - 18:15

Победи на Работнички во дербито со Вардар и Пелистер во дуелот против Силекс

 
Со голот на Виктор Ангелов во 56.минута екипата на Работнички го совлада Вардар со 1-0 во дербито од 30.коло на ПМФЛ. 
 
Во Битола, Пелистер ја совлада екипата на Силекс. 
 
Домаќините поведоа преку Борче Маневски во 16.минута, а Антонио Бујчевски во 30-тата израмни на 1-1. 
 
Во вториот дел прекрасен гол од слободен удар постигна  Благојче Коњаровски (52.минута), поставувајќи ги конечните Пелистер – Силекс 2-1. 
 
 
Победи  на домашен терен остварија и Ренова над Скопје со 2-0, односно Шкупи кој со 3-1 ја совлада Победа. 
 
Новиот шампион Шкендија одигра без победник 2-2 со Академија Пандев на гостински терен.
 
 
              ТАБЕЛА                  

1

ШКЕНДИЈА

76

2

ВАРДАР

49

3

СИЛЕКС

45

4

РАБОТНИЧКИ

41

5

РЕНОВА

37

6

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

36

7

ШКУПИ

36

8

ПОБЕДА

29

9

ПЕЛИСТЕР

28

10

СКОПЈЕ

25