Loading Video...
Кошарка
9. December 2017 - 15:00

Победи на Олимпијакос и Фенербахче

Екипата на Олимпијакос ја забележа и деветтата победа во Евролигата, откако синоќа во дербито на 11.коло го совладаа Реал Мадрид по продолжение со 92:83 откако регуларниот дел заврши нерешено 72:72
 
Принтезис со 21 поен беше најефикасен во победничката екипа, додека Лука Дончиќ со постигнати 33 поени беше најефикасен на мечот. За Реал ова е трет пораз во низа вкупно петти на последните шест меча. 
 
Олимпијакос на 2.место на табелата со скор 9 победи и 2 порази, колку што има и лидерот ЦСКА Москва, односно една победа повеќе од актуелниот шампион Фенербахче кој синоќа на гости ја совлада Барселона со 83:68.