Фудбал
17. October 2015 - 18:12

Победи на манчестерските „дивови“

Деветото коло во Англија донесе убедливи победи на манчестерските екипи. 

Сити славеше дури со 5-1 против Бурнемаут додека Јунајтед однесе победа од 3-0 кај Евертон. 
Победа во оваа рунда забележа и Челзи и тоа од 2-0 против Астон Вила. 
Вест Хем изненади кај Кристал Палас со нова победа од 3-1 додека Саутемптон и Лестер одиграа 2-2 иако домаќинот водеше со 2-0.