Loading Video...
Фудбал
30. April 2021 - 11:05

Победи на Манчестер Јунајтед и Вилјареал во првите полуфинални дуели во Лига Европа

Манчестер Јунајтед е речиси сигурен патник во финалето на Лигата на Европа. 
 
По победата над Рома со 6-2 во првиот меч од полуфиналето, само чудо може да ги оддалечи „црвените ѓаволи“ од борбата за трофејот во Лигата на Европа. 
 
Иако по водството на Манчестер уште во 9-тата минута, гостите од Рим направија пресврт и полувремето го завршија со предност од 2:1, сепак во вториот дел домаќините постигнаа пет гола. 
 
Двата гола на Кавани, по еден на Гринвуд и Погба како и вториот гол на мечот на Фернандеш се чини ги потопија сите надежи за „римската волчица“ дека може да стигне до големото финале. 
 
На вториот полуфинален меч, Вилјареал славеше против Арсенал со 2:1. 
 
Стрелци на головите за домаќините беа Тригуерос 5.минута) и Албион (29), додека голот за гостите го постигна Пепе од пенал (79). 
 
Двата тима натпреварот го завршија со по десет играчи, откако Себалос кај Арсенал и Капуе кај Вилјареа заработија по два жолти картони. 
 
Реванш полуфиналните дуелите во Лигата на Европа на програмата се во четврток на 6 мај.