Спорт плус
5. September 2016 - 8:37

Победи на македонските шахисти и шахистки

Македонската шаховска репрезентација во мечот од 3.коло на шаховската Олимпијада во Баку забележа победа од 3-1 против селекцијата на Пакистан.
 
Победи за Македонија постигнаа Филип Панчевски и Александар Чоловиќ на првите две табли, додека реми одиграа Никола Николовски и Тони Лазов.
 
Македонскиот тим по три кола има две победи и еден пораз и се наоѓа на 76.место.
 
Женската репрезентација ја постигна првата победа откако со максимални 4-0 ја совлада селекцијата на Судан. Победите ги извојуваа: Моника Стоилковска, Бојана Бејатовиќ, Драгана Николовска и Ивана Манова.
 
Женската репрезентација по три рунди е има по една победа, еден нерешен резултат и еден пораз и со три бода се наоѓа на 73.место.
 
Во 4.коло мажите ќе играат против Колумбија, а жените за противник ја имаат селекцијата на Хрватска.