Кошарка
31. January 2016 - 15:41

Победи на Куманово, Фени И. и Карпош Соколи

Во првиот од двата дерби дуели од 16.коло на Првата лига, екипата на Куманово забележаа победа над Работнички со 87-76 
 
Куманово до победата го предводеше репрезентативното трио Костовски-Трајковски-Симоновски.
 
Александар Костовски покрај 23 поени имаше и 9 асистенции. Бојан Трајковски како и Ракочевиќ постигнаа по 18, а Марко Симоновски беше стрелец на 13 поени за гостите.
 
Кај Работнички, освен ветераните, Диме Тасовски со 27 поени, Димитар Мираковски кој постигна 16 и Ѓорѓи Чековски со 12 поени и 9 скокови, сите останати беа далеку барем од двоцифрен број на поени.
 
Во Кавадарци, Фени Индустри го совлада Кожув со 78:56, додека Карпош Соколи очекувано беше подобар од Струмица со 104:62.
Поради настапот на МЗТ Скопје во АБА лигата и утрешното гостување во Белград, кај Црвена Звезда, последниот меч од ома коло ќе се игра во четврток 4 февруари, во Гевгелија, каде аеродромци гостуваат на Бест.
 
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 13-1 (победи-порази), Карпош Соколи 12-3, Куманово 10-5, Фени Индустри 9-6, Кожув 7-8, Работнички 5-10, Струмица 3-12 и Бест 0-14.