-->
Победи на Кливленд и Голден Стејт
Главните фаворити за шампионскиот трофеј во НБА кошаркарската лига, Кливленд и Голден Стејт остварија нови победи.
Шампионот Кливленд пред својата публика не дозволи изненадување во дуелот против Милвоки, па благодарение на серија од 12:0 во финишот од мечот, негативата од пет поени, на крјоат ја претвори во триумф со 102:95.
Кајри Ирвинг забележа забележа 25 поени, а Леброн Џејмс натпреварот го заврши со „дабл-дабл“ учлинок од 24 поени и 10 скока.
Голден Стејт против Филаделфија на гости славеше победа со 119:108, во меч во кој играчите од првата петорка на „воините“ заедно постигнаа дури 97 поени. Предводник беше Стеф Кари кој мечот го заврши со 19 поени.
Демар Дерозен со вкупно 37 поени од кои 12 во последните три минути од натпреварот, беше најзаслужен за минималната победа на Торонто од 92:91 на гостувањето против Њујорк.
На другите четири натпревраи кои се одиграа ноќеска во НБА лигата беа постигнати овие резутати: Бостон - Атланта 98:114, Далас - Мајами 96:89, Хјустон - Индијана 108:117, Сакраменто - Минесота 88:102.
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка силно го поздравува Преспанскиот договор и решавањето на спорот со Грција
-
Со лопата удирал по оградата на соседот во Радишани, а потоа го удрил и него
-
Гордана Силјановска Давкова и официјално кандидат за претседател на Македонија
-
Ечеше во „Јане Сандански“ – Ој Вардаре Македонски
-
Пет пожари за два дена од горење отпад од лозја во Кавадаречко
-
Заев и Ципрас: Им го посветуваме Договорот на младите генерации за нивната иднина, вредеше
-
Се урна дел од зграда на универзитет: Спасени сите студенти и професори
-
Драма во Прилеп: Нападнат вработен во Брза помош