Loading Video...
Фудбал
30. December 2018 - 17:26

Победи на Челзи и Манчестер Сити

Во англиската Премиер лига денеска на програмата четири средби од 20.коло. 
 
Со голот на Французинот, Канте постигнат во 51.минута, екипата на Челзи како гостин минимално со 1-0 го совлада Кристал Палас. 
 
И шампионот, Манчестер Сити славеше победа на гости и тоа против Саутемптон со 3-1 . Давид Силва во 10-тата минута им донесе предност на „граѓаните“ која ја анулира  Хојбјерг во 35-тата. Во финишот на првиот дел најнапред Вард-Проус си постигна автогол (45), а Агуеро беше стрелец на третиот гол за Сити (45+3). 
 
 
Вуд (15-минута) и Мекнил (34) ги постигнаа головите за Барнли во  победи над Вест Хем со 2-0.
 
Во последниот меч играат Манчестер Јунајтед и Борнмут. 
 
Веќе на првиот ден од новата година предвидени се три дуели.