Победата за Романија, првото место за Македонија
Македонската кошаркарска репрезентација е поразена со 65-53 на последниот претквалификациски дуел за ЕП. Сепак поразот на гости од Романија беше недоволен, противникот да не симне од првото место бидејќи не ја оствари потребната разлика од 14 поени.
Мечот беше драматичен во финишот бидејќи во последната минута се влезе со предност на домаќинот од 13 поени. Хендрикс реализираше едно слободно фрлање и на 6.2 секунди до крајот Романците изведоа напад кој не го реализираа и радоста остана кај Македонците.
Најдобар кај Македонија беше Дамјан Стојановски со 13 поени, а Војдан Стојановски постигна 12 поени, додека Хендрикс заврши со осум поени и девет скока. Кај Романија, Кате и Торок дадоа по 12 поени.
Македонија како прва оди сигурно во наредната рунда, додека Романија е втора и ќе игра во третата претквалификациска рунда, во група во која ќе играат Словачка и Кипар или Велика Британија.
Ново на Сител
-
Законот за јазици ќе чека до март
-
Ахмети: Отпор ќе има
-
СДСМ: Се враќа Сваровски судството
-
Тајсон: Не се сеќавам на борбата против Пол, дури и не знам зошто го направив тоа
-
Од утре повремени врнежи од дожд, утринските температури значително пониски
-
Одземени записници од Судскиот совет
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија