Loading Video...
Ракомет
10. February 2020 - 0:59
Победата на Мешков Брест кај Мотор Запорожје дополнителен притисок за Вардар
Ракометарите на Мешков Брест со победата на гостувањето кај Мотор Запорожје (36-33) направија дополнителен притисок на македонскиот и актуелен европски првак Вардар во трката за влез во нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Мешков Брест сега е на 7.место на табелата со 6 бода, додека Вардар е петти со три бода повеќе (9), но и бод помалку од Порто (10) кој е на 4.место на табелата во Б групата.
Така сега вардарци ќе мораат да забележат победа во следниот меч кој ќе го играат на домашен терен во сабота (15 февруари од 17:30 часот) кога го пречекуваат украинскиот Мотор.
До крајот на групната фаза во Лигата на шампионите остануваат уште три кола.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->