Тенис
21. February 2017 - 15:52

Победа во двојки за Јотовски и Деари на фјучрсот во Тунис

Македонската комбинација Томислав Јотовски и Шендрит Деари со победа го почна настапот во двојки на фјучрсот во Хамамет. Тие денеска во меч од 1.коло беа посуспшени од браќата Карен и Јури Качатрјан од Бугарија со убедливи 6-1 и 6-1 во сетови.

Во второто коло ќе играат против вторите носители Марио Мартизне и Карлос Болуда од Шпанија.
Јотовски утре ќе го игра и првиот меч во поединечна конкуренција. Воедно настапот на овие турнири во Тунис за нашите тенисери е подготовка за претстојниот настап во Дејвис купот на почетокот на април.