-->
-->
Победа над Британија императив за македонските кошаркари
-->
Најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македнија е пред клучниот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2017 година.
Вечерва во Кавадарци, црвено-жолтите ќе го играат натпреварот против Велика Британија во рамките од претпоследното 5.коло на Г групата.
По само двете победи над Луксембург за македонските кошаркари друга опција освен триумф над Британците нема. Задачата е дополнително потешка бидејќи победата треба да биде изразена со најмалку 18 поени разлика, откако на првиот меч во Лондон црвено-жолтите загубија со 17 разлика (96-78).
Натпреварот Македонија - Велика Британија кој ќе се игра во салата ,,Јасмин" ќе започне од 19 часот.
Во вториот меч од оваа група аутсајдерот Луксембург е домаќин на лидерот на табелата Унгарија селекција која досега има максимални четири победи. Велика Британија и Македонија досега остварија по две победи, но и два порази, а Луксембург е последен со четири порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски