Кошарка
14. September 2016 - 8:33

Победа над Британија императив за македонските кошаркари

 Најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македнија е пред клучниот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2017 година.
 
Вечерва во Кавадарци, црвено-жолтите ќе го играат натпреварот против Велика Британија во рамките од претпоследното 5.коло на Г групата.
 
По само двете победи над Луксембург за македонските кошаркари друга опција освен триумф над Британците нема. Задачата е дополнително потешка бидејќи победата треба да биде изразена со најмалку 18 поени разлика, откако  на првиот меч во Лондон црвено-жолтите загубија со 17 разлика (96-78).
 
Натпреварот Македонија - Велика Британија кој ќе се игра во салата ,,Јасмин" ќе започне од 19 часот. 
 
Во вториот меч од оваа група аутсајдерот Луксембург е домаќин на лидерот на табелата Унгарија селекција која досега има максимални четири победи. Велика Британија и Македонија досега остварија по две победи, но и два порази, а Луксембург е последен со четири порази.