Спорт плус
3. August 2022 - 10:38

Победа на шахистките против Тајван, реми за шахистите со Велс

Победа и реми за македонските шаховски  селекции во 5. коло на 44. шаховска Олимпијада во индискиот град Ченај.
 
Нашите шахисти иако влегоа како фаворит  против релативно послабиот противник Велс  одиграа 2-2, а партиите на сите табли завршија со реми.
 
Затоа пак женската шаховска репрезентација го совлада Тајван со 3-1, а цел поен донесоа Ивана Манова на првата и Леа Ефтовска на третата табла, додека Драгана Николовска и Моника Жежовска ремизираа со своите противнички.
 
Во следното  6. коло, машката репрезентација денеска ќе игра против Сирија, додека шахистките за противник ја имаат репрезентацијата на Финска.