Тенис
24. February 2016 - 15:58

Победа на Јотовски во првото коло на фјучрсот во Хамамет

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да ја мине првата пречка на фјучрсот во Хамамет, Тунис откако во два сета го победи Бразилецот Талес Турини со 7:6 (8:6) и 6:1 во сетови. Инаку, мечот беше продолжение од вчера откако при 3-3 во првиот сет поради лошо време беше прекинат. Бразилецот Турини е рангиран на 456.место и има во моментов подобар ранг од Јотовски. 

Во првиот сет Јотовски не ја искористи првата сет топка на сервис на противникот, а потоа во тај брекот успеа да одбрани сет топка. Во вториот сет нашиот тенисер беше подобар во вториот сет. 
Во второто коло Јотовски ќе игра против Чилеанецот Бастиан Мала кој со 6:4 и 6:3 го елиминира шестиот носител Кориа од Аргентина.
Во двојки Јотовски игра со Русинот Ватунин.
Воедно ова за нашиот тенисер е подготовка за претстојните мечеви од Дејвис Купот каде како дел од македонската тениска репрезентација ќе игра во Естонија. Натпреварите од Третата Европска зона ќе се играа на почетокот на март.