Македонија
19. March 2019 - 11:21

Побаран притвор за косовскиот дилер на марихуана кај Блаце

Јавен обвинител до Основниот суд  Скопје 1 предложи притвор за косовскиот државјанин кој во неделата вечер беше фатен со 14 килограми марихуана блиску до граничниот премин Блаце.

ОЈО-Скопје води истрага против тој државјанин на  Косово, осомничен за кривично дело „неовластено произведство  и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 17 март околу 20 часот во близина на граничниот премин Блаце тој неовластено држел 14 полиетиленски пакувања наркотична дрога – марихуана наменета за продажба.

–  Дрогата со вкупна тежина од 14080,8 грама била ставена во  две јутани вреќи кои осомничениот ги носел со себе, соопшти ЈОРМ, додавајќи дека притворот за осомничениот е предложен поради околности кои укажуваат на опасност тој да избега или да го повтори кривичното дело.