Побаран налог за апсење на идниот шеф на „Самсунг“ поради корупција
Специјалниот обвинител на Јужна Кореја побара да биде издаден налог за апсење на идниот шеф на „Самсунг“, Ли Џае-јонг поради обвинение за корупција.
Ли е обвинет дека давал донации на непрофитни организации, предводени од Чои Сун-сил, пријателка на сменетата јужнокорејска претседателка Парк Гуен-хје, во замена за владини услуги. Тој бил приведен и сослушуван подолго од 20 часа во канцеларијата на обвинителот.
Моментно Ли е потпретседател на „Самсунг Електроникс“, но се смета за лидер на компанијата откако неговиот татко во 2014 година доживеа срцев удар. Тој на сослушувањето во Парламентот призна дека им дал 17,4 милијарди долари на две фондации, без да бара никакви услуги во замена за тоа.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, судот в среда ќе го разгледа барањето за налог за апсење.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море