Свет
19. October 2020 - 14:49

По зголемениот број на заболени Шведска воведува карантин во неколку градови и забранува собири

Шведска, земја која имаше поинаков пристап во борбата против коронавирусот, има се повеќе нови инфекции, поради што некои градови ќе бидат затворени.

Во Шведска, земја што ги држеше отворени повеќето училишта, ресторани и компании, во четвртокот беа пријавени 1075 нови случаи на инфекција со коронавирус, а во саботата 596 случаи.

Властите во земјата сакаат, според експертите, да спроведат стратегија за затворање на градовите со цел да се запре брзото ширење на коронавирусот во земјата. Овој потег е прилично изненадувачки откако во Шведска беа отворени барови и ресторани, додека остатокот од светот воведе строги мерки.

Во моментов се забранети јавни собири со повеќе од 50 лица. Ова се однесува на концерти, настапи и протести, но не и на компании, трговски центри или приватни настани. Агенцијата за јавно здравје бара од сите да избегнуваат настани со многу луѓе, вклучувајќи забави, свадби и погреби.

Се верува дека новите правила стапуваат на сила утре и им овозможуваат на регионалните здравствени власти да забранат луѓе да се собираат на јавни места како што се трговски центри, концерти и базени. На луѓето веројатно ќе им биде кажано да избегнуваат јавен превоз и посета на домови за стари лица.

Агенцијата за јавно здравје бара од сите да избегнуваат јавен превоз доколку е можно - да пешачат, да возат велосипед или да земат приватен автомобил. Доколку навистина мора да користат јавен превоз, се препорачува да го избегнуваат „сообраќајниот метеж“ и да држат растојание, како во јавниот превоз, така и на станиците.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел смета дека земји како Холандија, Шпанија и Франција во моментов влегуваат во вториот бран, но дека тоа не е случај ниту со Шведска.

„Тоа би значело дека вирусот значително се шири во големи делови од општеството, а тоа го немаме во Шведска“, рече тој, додавајќи дека зголемувањето на случаите треба да се сфати многу сериозно.