Македонија
8. April 2019 - 16:18

По втор пат намалена казната за возачот кој ја прегази студентката Фросина кај Универзална

Апелациониот суд ја намали казната на 3 години затвор за 29-годишниот Љубиша Видојковиќ, кој во април 2015 година, на пешачки премин кај Универзална сала ја прегази студентката Фросина, пренесува Телма.

Првично, Кривичен суд го осуди на 6 и пол години затвор, но Апелација го врати процесот и ја поништи пресудата.

На второто судење Видојковиќ беше осуден на 4 години затвор, а денеска Апелација која жалбата ја разгледувала на јавен претрес, му ја намали затворската казна дополнително на 3 години.