Македонија
3. July 2017 - 15:31

По внукот и сопругата на Клинички почина и ќерката на убиецот од Бутел

Полицијата се уште ги истражува причините за убиството. Изутрината во скопскиот Клинички центар починала и ќерката на 84-годишниот Скопјанец кој во саботата пукаше во неа, во сопругата и во внукот, а потоа се самоуби.

32-годишниот внук почина на лице место, а неговата сопруга вчера им подлегна на повредите. Триесет и двегодишниот внук, од сериозноста на повредата, почина на самото место.

Полицијата се уште ги истражува причините за убиството. По наредба на јавен обвинител телата на починатите се пренесени во Институтот за судска медицина, за обдукција.