Македонија
29. September 2019 - 16:40

По угостителските објекти, на ред се дивограбите на плажите долж Охридското езеро

По отстранувањето на платформите од угостителските објекти следни се плажите долж охридското езеро. Тие работат на диво без договори за концесии склучени со општината  а во јуни 2017 година им биле доставени решенија за рушење.Градоначалникот Георгиески вели дека со одлуката за времен прекин за постапување по урбанистичките планови на општината и биле врзани рацете за да може да постапува со плажите.

Платформите на плажите долж езерото не се дивоградби тврди концесионерот Нечкоски додавајќи  дека во 2007 година кога плажите биле  огласени за издавање под концесија во проектната документација биле предвидени и платформи во вода.

Дел од концесионерите предлагаат да се се изврши категоризација и цена по метар квадратен на плажите според  местоположбата, да се повикаат постојните концесионери за склучување на договори или да се распишат нови огласи се со цел да се реши проблемот со плажите кои од диви депонии станаа атрактивни места за одмор.