По третпат пропадна намерата на републиканците за укинување на „Обамакер“
Американскиот Сенат со отфрлање на планот за укинување на законот за здравствени усвоен за време на поранешниот претседател Барак Обама (Обамакер) нанесе голем политички удар на Републиканската партија и плановите на актуелниот претседател Доналд Трамп, јавуваат американски медиуми.
Гласањето што траеше до доцна до самиот крај беше тензично кога републиканскиот сенатор Џон Мекејн даде одлучувачки глас – против тој закон. Имено, 51 сенатор беа „против“ и 49 беа „за“ укинување.
– Ова е разочарување, навистина разочарување, изјави Мич Меконел лидер на мнозинството со Сенатот до своите колеги по гласањето.
Најмалку тројца од републиканците – Џон мекејн, Сузан Колинс и Лиса Мурковски гласаа против новиот закон за кој беше потребно просто мнозинство за да биде усвоен. Тоа беше третпат Сенатот да го отфрли планот за укинувњаее на Обамакер.
Планот за новиот закон предвидува длабоки промени во програмата Медикејд, програма за здравствено осигурување за сиромашни како и намалување на субвенциите од Обамакер за луѓе со ниски плати. Кога Обамакер би бил укинат и заменет со друг закон, милиони Американци би можеле да го загубат осигурувањето, јавува Глас на Америка.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи