Македонија
24. December 2018 - 17:11

По трагедијата - Општина Штип поставува хоризонтална сигнализација за безбедност на пешаците

По немилиот настан, кога беше прегазен 15 годишен средношколец на пешачки премин на улица пред училиштето, општина Штип одлучи да постави лежечки полицајци пред сите училишта во градот. Акцијата започна на една од најфреквентните улици пред ОУ „Димитар Влахов“ во населбата Сењак.

- Пред нив ќе имаме поставено и соодветни сообраќајни знаци со рефлектирачки материјал.

Граѓаните сметаат дека на овој начин ќе се намали брзината на сообраќајот, а децата ќе имаат поголема безбедност кога ги преминуваат улиците.  Исто така, велат дека, лежечки полицајци треба да има и на други места во општината, посебно онаму каде често се прекорачува дозволената брзина.

- Не е безбедно, многу брзо се вози. И децата треба да внимаваат, но кога има (лежечки полицајци) ќе се намали и брзината на возењето.

- Ова е добро за децата

- Многу се вози брзо. Имаме сите деца и затоа треба да се стават лежечки полицајци секаде. Во цел град треба да се стават, зашто никој не внимава каде и колку вози- АНКЕТА ГРАЃАНИ

За поголема безбедност во сообраќајот, на влезот во градот се гради и кружен тек.