Македонија
23. September 2017 - 8:31

По свежото утро следува топол ден

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен и западен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната најјвисока температура на воздухот ќе се движе од 19 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер.Температурата ќе се движи од пет  до 24 степени.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и нешто потопло преку ден. Нови врнежи од дожд се очекуваат во понеделник кои ќе бидат повремено со умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови.Во вторник и среда врнежите ќе бидат полокализирани и со послаб интензитет.