Македонија
21. January 2016 - 13:45

По страшна сообраќајна несреќа скопјанец се бори за живот

Страшна сообраќајна несреќа го потресе Скопје. Синоќа во 19 часот и 25 минути на улицата трета Македонска Бригада, 37-годишниот Б.Ј. управувајќи со БМВ, удрил во бетонски столб, се превртел и удрил во друго возило, марка Сузуки. Возачот со возило на Итната медицинска помош веднаш бил пренесен во Ургентен, каде се бори за живот.