Македонија
12. јуни 2017 - 12:13

По страшна сообраќајна несреќа младо момче се бори за живот на Ургентен во Скопје

Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера во 18 часот и 45 минути на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај местото „Мездра“,  кога 22-годишниот Н.Ц.  од Куманово, управувајќи мотоцикл „Сузуки“, возејќи пребрзо, излетал надвор од коловозот.
 
Полицијата информира дека младото момче со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Медицински центар Куманово, од каде поради сериозноста на повредите било пренесено во Ургентен центар Скопје.
 
Во Ургентниот во Скопје му била  извршена хируршка интервенција на главата, и се бори за живор.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.