Македонија
29. January 2018 - 9:01

По средбата Заев-Ципрас - Нимиц во посета на Атина и Скопје

По последната рунда преговори за спорот со името која се одржа неодамна во Њујорк, медијаторот Метју Нимиц доаѓа во посета на Скопје и Атина.

Тој денеска и утре ќе биде во Атина, а на последниот ден од месецов и првиот ден од февруари ќе биде во Скопје.

Неодамна Нимиц за грчкиот Катимерини оцени дека средбата на Заев и Ципрас која неколку часа траеше во Давос, била од историско значење и дека има напредок околу прашањето за името.

Инаку, по средбата со премирот Ципрас, Заев најави дека ќе се преименува автопатот Александар македонски и дека ќе го носи името „Пријателство".

Заев најави и менување на името на Аеродромот.