Свет
12. May 2018 - 11:08

По средбата САД-Северна Кореја можно е објавување крај на Корејската војна

САД сакаат да биде потпишана заедничка изјава по средбата на 12 јуни меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пишува јапонскиот бизнис весник „Никеи“.

Според извор на весникот од администрацијата на САД, моментно се разгледува можноста во таа заедничка декларација да бидат вклучени конкретни договори за прекин на нуклеарното оружје од страна на Пјонгјанг, вклучувајќи и објавување крај на Корејската војна.

„Никеи“ потенцира дека би можело да биде наведен и конкретен рок за ослободување на Северна Кореја од нуклеарното оружје, а тоа е 2020 година.

Северна и Јужна Кореја немаат склучено мировен договор по Корејската војна (1950-1953), а се во состојба на примирје.

Средбата меѓу Трамп и Ким ќе се одржи во Сингапур на 12 јуни.