Македонија
11. March 2018 - 18:08

По сончевиот и топол викенд големо невреме, грмежи и пороен дожд

В понеделник во попладневните часови најпрвин во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Локално ќе има и услови за нестабилна облачност, проследена со грмежи и со краткотраен пороен дожд. 

Се очекува пообилни врнежи да има во западните делови на земјава, каде е можно да наврнат околу 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.

Потоа во наредните денови ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини од снег. Дневната температури ќе има тенденција на опѓање, но од петок повторно ќе се покачува.