По САД и Русија се повлекува од Договорот за отворено небо
Русија ја почна процедури за повлекување од Договорот за отворено небо, објави руското Министерство за надворешни работи.
Според руските медиуми, процедурите за повлекување на Русија од Договорот се иницираат поради фактот што нема напредок во отстранување на пречките за продолжување на договорот во новите услови.
Договорот за отворено небо беше потпишан во 1992 година и е на сила од 2002 година, а со него на земјите членки им се овозможува отворено да собираат информации за воената сила и за активностите на другите членки.
До неодамна 34 држави беа потписнички на Договорот, а кон крајот на мај минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп унилатерално објави дека Вашингтон се повлекува од Договорот. Како причина за таквата одлука САД го наведоа кршењето на договорот од страна на Русија, но официјална Москва повеќепати ги негираше ваквите обвинувања.
САД го завршија процесот на повлекување од Договорот за отворено небо на 22 ноември минатата година.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите