-->
-->
По расправија младо момче прободено со нож во струшко
-->
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.М. (32) од струшкото село Радолишта.
СВР Охрид соопшти дека лицето казненото дело го сторило на 17 овој месец на локален пат пред селото Долна Белица.
– Со патничкиот автомобил што го управувал и го попречил патот на Б.И. (19) по што се случила вербална расправија со Ш.К. (23), кој бил повикан на местото на настанот. Расправијата набрзо прераснала во физичка пресметка, по што, М.М. со нож го прободел Ш.К. во пределот на слабината и му нанел телесна повреда, стои во информацијата од СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени