Бизнис
14. October 2016 - 10:28

По привремениот прекин, „Повардарие” продолжува да откупува грозје

По привремениот прекин со откуп поради пренатрупаност со грозје и неопходност од време тоа да биде преработено, винарската визба „Повардарие” од Неготино продолжува со откупување и преработка на грозје од годинешнава гроздоберска реколта, потврдија денеска за МИА од винарницата.

- Од објективни причини моравме да направиме мал прекин во откупот бидејќи пред винаријата се создаде голема колона трактори кои донесоа грозје. Нашиот капацитет е ограничен во поглед на преработката на грозје и затоа решивме првин да го преработиме грозјето што веќе беше обрано, па потоа да продолжиме со откупот. Како што ветивме, по времениот прекин, додека  паѓаше и дожд и бербата беше и природно стопирана, повторно откупуваме грозје, соопштија од винарницата.

Нагласуваат дека откупот е со претходна најава за да не се создаваат гужви, а ќе трае се додека има грозје.