Македонија
10. јуни 2019 - 18:36

По пожарот во скопската населба Кисела Вода, 9 пациенти хоспитализирани на Tоксикологија

Како последница од труење од чад, предизвикан од пожарот што избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода, девет (9) пациенти се хоспитализирани на Универзитетската Клиника за токсикологија, при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти Министерството за здравство попладнево.

Пациентите се во добра општа состојба. Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишиле чад. Останатите пациенти се станари од зграда, затруени од чад.