Македонија
3. November 2019 - 16:30

По повод ослободувањето на Прилеп возобновен споменикот ,,Масакрот кај Дабница‘‘

По повод 3-ти ноември Денот на конечното ослободување на Прилеп после 17 години откако беше уништен денеска повторно беше возобновен споменикот „Масакрот кај Дабница“, кај селото Дабница. Споменикот е посветен на 19-мината прилепчани кои на 19 септември 1942 година биле брутално убиени на ова место од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

„Да си го почитуваме своето минато затоа што без НОБ и без учеството на македонските патриоти ние денеска немаше да имаме своја независна државност“, рече Круме Соколоски, претседател на здружение на борци Прилеп.

Стариот споменик кој бил од бронза е пронајден искршен во еден од отпадите во Прилеп и сега истиот ќе биде повторно составен. Истиот години се чувал во вреќи во депото на Заводот и музеј.

„Стариот сквернавен и оштетен споменик од бронза е составен и ќе биде поставен Меморијалниот музеј 11 Октовмри“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

„Максимално е реконструиран споменбикот и врз база на таа реконструкција е направен и калапот за овој нов споменик“, изјави Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

Сегашниот споменик е направен од полимер бетон, наместо од бронза за да не биде повторно оштетуван заради кражба на металот.

„Прво ја реинкарниравме бронзата, го исправивме споменикот во неговата оригинална висина со оригиналните делови. Потоа направивме гумен калап со цел да останат оригиналните потези, затоа што ова е уникатно уметничко дело Димо Тодороски“, рече Сашо Попоски, автор на делото.

Како дел од чествувањето на 3-ти ноември денеска во Прилеп беше промовирана и фотомонографијата за Ченто од историчарот Рубин Белчески.