Loading Video...
Фудбал
31. May 2020 - 18:47

По потврдата на Ковид-19 кај фудбалерите се огласија и двете тетовски екипи

Од редовите на двете тетовски фудбалски екипи, Шкендија и Ренова,  ја потврдија информацијата дека имаат свои членови кои се носители на Ковид-19 вирусот. 
 
Освен тоа дека сите шестмина позитивни се во изолација, од екипата на Ренова потврдија дека се откажани сите понатамошни активности се додека официјално не добијат препорака од надлежните органи. 
 
Воедно  „гипсарите“ потенцираат „Не нè интересира дали ќе се одигра овој шампионат, сега е важно  само здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека сега веќе некои вистински ќе разберат колку е сериозна оваа состојба во која се наоѓа светот. Здравјето пред се, се вели меѓу другото во соопштението од Ренова. 
 
Од нивниот градски ривал Шкендија велат дека клубот ќе ги повлече наредните потези во координација со Институтот за Јавно Здравје и со Фудбалската Федерација на Македонија. 
 
Во продолжение соопштенијата на тетовските екипи.
 
„Ја информираме јавноста дека во нашиот клуб има четворица позитивни на Ковид-19. Имињата ќе ги соопштиме наредните денови, не затоа што сакаме да ги чуваме во тајност, најпрво треба да бидат направени и вторите тестови за и дефинитивно случаите да бидат потврдени. Целиот тим на Ренова ги откажа сите активности се додека не добиеме официјално препорака од надлежните органи. Не нè интересира дали ќе се одигра овој шампионат, сега еважно  само здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека сега веќе некои вистински ќе разберат колку е сериозна оваа состојба во која се наоѓа светот. Здравјето пред се. Заедно ќе ги надминеме сите предизвици“ – се вели во соопштението до јавноста од ФК Ренова.
 
„Шкендија ја информира јавноста дека на 30 мај беше извршено тестирање за ковид-19 врз членовите на нашиот клуб, во организација на Синдикатот на фудбалери. Два члена на нашиот клуб се позитивни, а во интерес на веродостојноста на резултатите, веднаш покренавме процедура за извршување на втори тестови врз двајцата позитивни. Двајцата се ставени во самоизолација, а клубот ќе ги повлече наредните потези во координација со Институтот за Јавно Здравје и со Фудбалската Федерација на Македонија“, се вели во соопштението на ФК Шкендија.