Македонија
17. јуни 2018 - 11:48

По потпишувањето на договорот, делегациите се упатија кон Отешево

По потпишувањето на договорот во Псарадес, делегациите се упатија на заеднички ручек во Отешево на македонска страна од Преспанското Езеро.

Македонската делегација е предводена од премиерот Зоран Заев, а грчката од премиерот Алексис Ципрас. На заедничкиот ручек ќе присуствуваат и претставниците на Европската унија и Обединетите нации - Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари ди Карло.

По заедничкиот ручек, се очекува билатерална средба да остварат премиерите Заев и Ципрас.