Loading Video...
Ракомет
11. January 2020 - 16:42

По победата над Украина, мислите насочени кон утрешниот дуел со Чешка

Денеска е слободен ден за македонските ракометари на Европскиот шампионат. По вчерашната значајна победа над Украина на стартот на првенството, денеска нашите ракометари веќе се насочени кон утрешниот дуел до добро познатиот ривал Чешка.
 
Македонската ракометна репрезентација второ Европско првенство по ред го почнува со победа. Така беше пред две години во Загреб кога исто минимално ја победивме Словенија, а со минимална победа 26:25 над Украина го стартувавме и овој шампионат. Двата бода на контото на Македонија се најважни особено што нашиот следен ривал Чешка загуби во првиот дуел од домаќинот Австрија. Но, сепак не треба да има опуштање затоа што Чешка е сосема поинаков противник од вчерашниот со многу поискусен тим и тим кој игра поинаков ракомет од Украинците. Тоа секако добро го знаат и во нашиот стручен штаб и ракометарите. Ако ние сме редови учесници на ЕП од 2012 година, Чесите почесто од нас тие се на првенствата бидејќи ова за нив е 9.то Европско, а најдобар пласман им е 6.то место 1996 година и пред две години во Хрватска.
 
Чешка е една од селекциите против кого имаме одиграно најмногу натпревари – 14, само против Исланд имаме повеќе 18. Чешка има шет победи, Македонија пет и три дуели завршиле нерешено. На Европските првенства ние Чесите ни го имаат нанесено и најтешкиот пораз пред 22 години во Болцано, но и нашата највисока победа на ЕП е над Чешка во Ниш пред осум години. Како и да е утрешниот дуел ќе биде пресметка на две селекции кои добро се познаваат. Нас победа ќе не однесе во следната фаза, а секој друг резултат ќе ја остави разврската за последното коло од групата во вторник.
 
Дуелот со Чешка се игра утре во 16 часот, а македонските навивачи и на овој дуел се очекува да дадат голема поддршка од трибините за македонските ракометари.
 
 
 Од Виена, Марјан Ников