Loading Video...
Свет
22. July 2019 - 16:49

По парламентарните избори во Украина, Зеленски доби уште поголема моќ

Партијата Слуга на народот на украинскиот претседател  и комичар  Зеленски  е јасен победник на вонредните парламентарни избори. На повидок е дури и апсолутно мнозинство во парламент. Зеленски им се заблагодари на украинците  за поддршката.

-Вие ги знаете нашите гланви приоритети... тие се исти како и оние на секој Укрианец, сигурен сум- да се стави крај на војната, да се обезбеди враќање на нашите затоврнеици и победа над корупцијата, порача Зеленски.

Влез во парламентот си обезбедија уште  4  партии  меѓу кои и една отоврена поддржана од Кремљ. Исходот од изборите покажува дека Украина раскрсти со старите политички партии  коментираат полиитчките аналитичари.