Македонија
2. August 2021 - 18:40

По пад од мотоцикл загина 28-годишник од делчевското село Стамер

Дваесет и осум годишник од делчевското село Стамер го изгуби животот по пад од мотоцикл во близина на местото „Стамерски преод“ на регионалниот пат Делчево – Берово.

Настанот го потврдија од полицијата, од каде информираа дека на местото на настанот излегла и екипа на Итната медицинска помош која ја констатирала смртта на момчето.

– На 02.08.2021 во 04.50 часот било пријавено дека во с.Стамер, делчевско, Д.Д.(28) од с.Стамер, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал. Д.Д. починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, информираа од полицијата.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа од Полициската станица Делчево.