Македонија
9. July 2019 - 16:38

По обвинувањата од инспекторот Илиевски, Адеми бара да постапат институциите

Институциите да ги применат сите законски прописи порача министерот за образование и наука по скандалот со актуелни функционери кои лажно напредување во научни звања. Адеми тврди дека вакви случаи имало и во минатото но не биле јавно обелоденети.

- Јас ги охрабрувам институциите да ги применат сите законски прописи, ако се утврди одговорност дека некој треба да има одоговорност, нека понесе. Но дали во минатото, треба да направите анализи, вие сте новинари и ве почитувам до небо, но треба да направите анализи како постапувале порано во вакви случаеви. Кој е просекот по второстепена комисија , во судските процеси , кога членови од академската заедница биле под наводници прогонувани од страна на одредени инспектори и како завршиле тие постапки . Не е првпат ваква постапка, можеби првпат е вака презентирана пред јавност. Затоа велам доследна примена на законските прописи. Јас сум Арбер Адеми министер за образование и наука и јас работам по мојата агенда вклучувајќи го и денешниот настан, Адеми

По откривање на аферата просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски се соочил со низа закани за кои пишува во новото отворено писмо посветено на директорот на државниот просветен инспекторат Томе Спировски.

 - На 4 јули 2019 година на домашна адреса ми пристигнаа „заканувачки“ писмени дописи поднесени од директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски и од раководителот на секторот, Африм Саљиу. Каков е овој однос, зошто прикривање кога има незаконитости. Зошто заканување?,изјави Ѓорѓи Илиевски инспектор во државниот просветен инспекторат

 За целокупната состојба цела документација е доставена до Државната комисија за корупција и до кабинетот на премиерот Заев.

Информиран за состојбата лично беше и министерот за образование и наука Арбер Адеми, кој татковски ме молеше да се забошоти и прикрие целиот случај. Односот на министерот беше коректен, за разлика од заменик-министерот за внатрешни работи, кој бараше да се сокрие целиот случај, а и со укажување дека имам семејство и деца.

Зошто вие не реагиравте во одбрана на вашиот вработен? Прашува инспекторот .

Тој најави дека за случајот го информира премиерот, коалициониот партнер во владата но и сите амбасадори во земјава.