Loading Video...
Балкан
24. September 2021 - 12:20
По масовните протести во Словенија олеснети дел од рестрикциите
По масовните протести на граѓаните, Словенија реши да олесни дел од мерките преземени за намалување на ширењето на Ковид-19.
Од денеска се укинува мерката за задолжителни ковид-пропусници за оние кои работат од дома, како и за оние кои дополнуваат гориво се додека не влегуваат во внатрешноста на бензинските пумпи.
Словенечката влада исто така одлучи спортските активности во затворен и отворен простор да се изведуваат без маски и дистанцирање се додека учесниците имаат валидна ковид-прропусница.
-
Бранислав Јанески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->