Македонија
4. March 2020 - 8:51

По кратко боледување почина Варнава Андреески – Бакли

На 80 годишна возраст во Скопје по кратко боледување почина познатиот тон снимател од МРТВ Варнава Андреески – Бакли. Андреески 43 години работен век ги помина токму во јавниот сервис непосредно до камерите на терен и во телевизиските студија. 

Тој беше единствен жив сведок од техничкиот оддел на МРТВ кој ја формираше некогашната Тв Скопје по земјотресот. Десет години како тонец патувал посветот заедно со Тито во тогашната СФРЈ. Работел на преносите на Шест Олимписки игри, потоа учествувал во речиси сите музички емисии на МРТВ, а работел и на филмската комедија „Мирно Лето“. Погребот на Бакли ќе биде на 05 март.