Македонија
25. October 2020 - 13:52

По кратко боледување почина општествено-политичкиот и спортскиот работник, Томе Дракулевски

По кратко боледување почина Томе Дракулевски, роден 1932 година, општествено-политички и спортски работник, соопшти денеска Социјалистичката партија на Македонија.

Тој бил претседател на шаховскиот сојуз на Македонија и на Југославија, претседател на Сојузот на организациите на спортови на Југославија, член на последниот состав на Собранието на Социјалистичка Република Македонија пред осамостојувањето и потпретседател на Социјалистичкиот Сојуз на работниот народ на Република Македонија, се наведува во соопштението на СПМ.