Македонија
22. December 2020 - 13:48

По кратко боледување почина Мирко Голомеиќ, сопственик на ланецот Рагуза во Скопје

По кратко боледување од срцеви компликации денеска почина Мирко Голомеиќ. Тој пред само неколку дена наполни 59 години. 

Мирко го знаеме како основач и сопственик на семејната групација „Рагуза”, меѓу кои се и бутик-хотелот „Вила Рагуза” на Водно, ресторанот „Рагуза 919“, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк, како и ресторанот „Рагуза360“.

Погребот ќе се одржи утре во 12 часот, на гробиштата во Горно Лисиче.