Бизнис
20. November 2021 - 16:32

По ковид пандемијата, енергетската криза нова закана за занаетчиите

Енергетската криза ќе се одрази врз занаетчиите. Тие стравуваат дека покрај лошата состојба со ковид пандемијата најавеното покачување на електричната енергија и можните рестрикции ќе предизвикаат поголем товар,п олоши услови за работа и поголеми шанси дел од дуќанџиите оваа зима да стават клуч на врата.

Поголемиот дел од дуќаните по охридската чаршија кои едвај сврзуваат крај со крај овој период од годината се греат на струја и немаат други алтернативни енергетски решенија.

Дел од занаетчиите посочуваат дека со својот труд и работа, преживуваат, но тоа не носи стабилност и сигурност. Моментално во Охрид има околу 255 занаетчии запишани во регистарот на Занаетчиската комора.