Кошарка
13. May 2018 - 18:42

По кошаркарскиот меч, дружење...

Водњански Лисици - Баскет Кам 62:23. Кaј Водњански лисици денес се истакнаа најмногу Карло Димевски и во одбрана Марио Џон, а стандардно добри беа нивните врсници,кои исто и лани играа во М-12, Марко Петрович, Филип Стојановски и Иван Динески (сите петмина се плејмејкери и/ли бекови).

Мора да се истакне дека помеѓу овие два клуба покрај кошарката важно е и заедничкото дружење.
По одличниот пречек во Македонска Каменица сега се реваншираа и домаќините од Скопје а заедничката дружба продолжи во ресторанот Крезмак.